Said İbicioğlu
31 Март 2019•Ажурирај: 01 Април 2019
ЕРУСАЛИМ/КУДС
Неколку десетици еврејски доселеници во придружба на израелската полиција упаднаа во комплексот „Ал-Акса“, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Управата за исламски вакафи во Ерусалим, Фирас Дибс, изјави дека израелската полиција го отворила влезот „Ал-Мегарибе“ во југозападниот дел на „Ал-Акса“.
Тој додаде дека околку четириесетина еврејски доселеници потоа илегално упаднале во комплексот „Ал-Акса“.
Управата за исламски вакафи во Ерусалим соопшти дека израелската полиција во тој упад го привела Висам еч-Хасим, чуварот на комплексот „Ал-Акса“.
Од 1993 година досега, Израел го удвои бројот на израелски доселеници на Западниот Брег. Повеќе од половина милион Израелци живеат на окупираната палестинска територија. Четириесет отсто од Западниот Брег се наоѓаат под израелска контрола.
Sидот на раздвојување долг 78 километри, што Израел нелегално го изгради, разделува повеќе д 850.000 Палестинци.
Денот на земјата се одбележува во Палестина од 1976 година. Тоа на некој начин е симбол на отпорот на Палестинците кои сакаат да ја добијат назад својата земја.