Ömer Koparan,Adham Kako
30 Јули 2019•Ажурирај: 31 Јули 2019
БАБ
Омер КОПАРАН
Сириецот Таха Сулејман минатата година во режимските напади на Идлиб остана без двете нозе. Денес сонува за игра со своите врсници, која може тешко да се замисли без да се обезбеди протеза која му е премногу потребна, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова 14-годишно момче по воздушните напади на Марат ал Нуман, со семејството најпрво побегнал во Киле, Идлиб, а потоа во Ал Баб, кој е ослободен од терористите.
Откако се сместиле во Баб, таткото на Сулејман починал како последица на срцев удар, а момчето денес преживува со помош на неговиот постар брат. Третиот брат загинал во нападот.
Поголем дел од денот поминува во домот, а сонува за денот кога со помош на луѓето со добро срце ќе добие протеза и ќе се движи со нејзина помош.
„Тој ден, кога ги загубив нозете, режимот на Асад извршуваше интензивни напади. Се онесвестив, а кога ги отворив очите повторно, видов дека сум во болница. Погледнав во мајка ми и моите браќа и се обидов да станам. Не успеав. Тогаш ми рекоа дека сум останал без нозете и мојот брат“, се присети Сулејман во разговор за Anadolu Agency (AA).
Тој додаде дека сака да си игра со пријателите, но дека секогаш му е потребна нечија помош доколку сака да се движи со помош на инвалидска количка.
Тој сака како и секое дете слободно да игра со пријателите.
„Сонувам да се вратам во училиште. Сакам да се образувам и да бидам просветен работник. Протезата ми е потребна за повторно да се движам и да се обидам да ги остварам моите цели“, изјави Сулејман.
Неговиот постар брат, Тахир Сулејман, е ранет во нападот во кој Таха ги загубил нозете.
Тој се присeти дека неговиот брат со помош на припадниците на Цивилната заштита го префрлиле во болница.
„Екипите на Цивилната заштита нè префрлија во болница, каде што тој е оперирен. Кога излезе од салата, беше без нозе. Ако му стават протеза, тој би можел сам да се движи и тоа би му помогнало да се чувствува подобро. Тој мисли дека ни е товар, а тоа е далеку од вистината“, изјави Тахир.