Aşkın Kıyağan
16 Ноември 2017•Ажурирај: 16 Ноември 2017
ВИЕНА (АА) - Речиси 10.000 луѓе учествуваа во протестите против екстремната десница во Виена, Австрија, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите формираа кордон околу министерството за да го предупредат на можно доаѓањето на екстремната десница на државни функции, месец дена по завршувањето на парламентарните избори во Австрија.
Насобраните граѓани носеа транспаренти на кои пишуваше „Не сакаме нацистите во Парламентот" и „Не дозволувајте да не водат нацисти".
Тие, исто така побараа од претседателот Александар Ван дер Белен да не им дозволи на лицата поврзани со неонацистичките групи да ги извршуваат своите должности во министерствата.
Организаторите не им се обраќаа на медиумите, со пораката дека бројот од околу 10.000 собрани најдобро зборува за самите протести.
Невладината организација „СОС Mитменч" пред протестите соопшти дека не треба да им биде дозволено на луѓето кои се во близина на екстремната десница и неонацистите да завземат место во структурите на власта и дека секој граѓанин треба да даде свој придонес за тоа да не се случи.
Протестите беа организирани од страна на неколку невладини организации, а нивната цел е да се спротистават на можниот влез во владата на членовите на екстремната десничарска Слободарска партија на Австрија (ФПО) кои се блиски на нео-нацистичките групи.