Ahmet Dursun
13 Јуни 2023•Ажурирај: 14 Јуни 2023
АНКАРА (АА) - Над 20 американски војници се повредени во хеликоптерската несреќа што се случи во североисточниот дел на Сирија, пренесува Анадолу.
Во писменото соопштение на Командата на централните сили на САД (CENTCOM) се наведува дека како резултат на хеликоптерската несреќа што се случила на 11 јуни во североисточниот дел на Сирија биле повредени 22 американски војници.
Се истакнува дека повредените војници се на лекување, а десетмина од нив се со потешки повреди.
Продолжува истрагата за откривање на причината за оваа несреќа.
Се нагласува дека хеликоптерот не бил соборен како резултат на „непријателски оган“.
Не се дадени повеќе детали за овој случај.