Beyza Binnur Dönmez
13 Март 2019•Ажурирај: 14 Март 2019
АНКАРА/ИЗМИР/БУРСА (АА) - Турската полиција приведе 23 осомничени лица во одвоени операции против терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Полицијата спроведе антитерористички операции низ три градови за приведување на осомничените, за кои постојат наводи дека извршувале операции во име на ДЕАШ“, изјави извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Најмалку 14 странски државјани, припадници на ДЕАШ, (кои влегле во земјата илегално), беа фатени од страна на безбедносните сили во главниот турски град, Анкара.
Според наводите, осомничените извршувале операции за терористичката организација во Сирија и Ирак.
Во друга операција, осум осомничени лица на ДЕАШ се фатени во Измир.
Полицијата во Бурса, исто така, фати женско лице (кое се наоѓаше на црвената листа на Интерпол), за кое исто така постоеја наводи за поврзаност со терористичката организација.
Над 300 лица ги загубија своите животи во нападите на ДЕАШ изведени во Турција, каде што терористичката организација во своите бомбашки, ракетни и оружени напади како цел ги има цивилите.
Турските безбедносни сили се вклучени во долготрајната кампања за спречување на активностите на ДЕАШ.