Ekip
02 Март 2018•Ажурирај: 03 Март 2018
КАБУЛ (АА) - Во експлозија на импровизирана направа во авганистанскиот главен град Кабул, која е активирана во близина на конвој на силите на НАТО, повредени се најмалку четири лица, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан, Наџиб Даниш, јавува Anadou Agency (AA).
Даниш за АА потврди дека нападот се случил во населбата Бинаеј, околу 10 километри од седиштето на НАТО во Кабул.
Како што тој рече, мета на нападот бил веројатно конвојот на НАТО.
За сега никој не презеде одговорност за нападот. Слични напади се случувале и претходно, а одговорноста за нив ја преземаа талибанците и вооружените групи кои ја поддржуваат ДЕАШ.