Ömer Tuğrul Çam
23 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
БРИСЕЛ (АА) - НАТО ги негираше тврдењата на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, за наводно засилување на воените единици во Полска и Литванија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Сите обвинувања дека НАТО ги зајакнува своите сили на границата со Белорусија се неосновани“, рече портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску.
Наведувајќи дека НАТО не претставува закана за Белорусија или за која било друга земја, Лунгеску нагласи: „НАТО не се зајакнува во регионот. Нашиот став е строго одбранбен. Ние сме претпазливи и подготвени да спречиме напад и да ги браниме сојузниците. Ја повикуваме администрацијата на Минск да ги почитува основните права.“
Белорускиот претседател Лукашенко, за кого Изборната комисија објави дека е победик на изборите одржани на 9 август во Белорусија, се соочи со обвинувања од опозицијата за нерегуланост на изброниот процес и со масовни протести.
Лукашенко тврдеше дека НАТО се обидува да ја подели Белорусија и да постави нов претседател, како и дека војниците во Полска и Литванија се во подготовка.
Истакнувајќи дека протестите против него биле организирани од соседните земји, Лукашенко рече: „Тие однадвор отворено интервенираат во внатрешните работи на нашата суверена држава.“
Демонстрациите што започнаа по изборите во Белорусија продолжуваат.