Şerife Çetin
04 Јануари 2020•Ажурирај: 06 Јануари 2020
БРИСЕЛ
По американскиот воздушен напад и убиството на генерал Касим Сулејмани, командант на Силите на Ерусалим при Иранската револуционерна гарда, НАТО соопшти дека привремено ги суспендирал активностите на Мисијата за обука во Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-портпаролот на НАТО, Дилан Вајт, во изјавата за АА истакна дека одблизу ги следат случувањата во регионот.
Вајт нагласи дека НАТО е во близок контакт со американските власти и дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, остварил телефонски разговор со американскиот министер за одбрана, Марк Еспер.
Тој рече дека персоналот на Мисијата за обука на НАТО во Ирак брои неколку стотици членови, и дека оваа мисија врз основа на барањето на ирачката Влада ги зајакнува безбедносните единици на оваа земја.
„Безбедноста на нашиот персонал во Ирак е од голема важност. Продолжуваме со преземање на потребните мерки. Продолжува нашата мисија за обука во Ирак, но активностите за обука се привремено суспендирани“, додаде Вајт, заменик-портпаролот на НАТО.