Büşra Nur Bilgiç Çakmak
29 Септември 2020•Ажурирај: 30 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес изјави дека дека техничките воени преговори меѓу Турција и Грција, предводени од НАТО, можат да помогнат во решавање на основните проблеми меѓу двата сојузника, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи на онлајн настанот во врска со климатските промени, Столтенберг одговори на прашањето за тензиите во Источниот Медитеран меѓу Турција и Грција.
Столтенберг изјави дека НАТО е загрижен во врска со тензиите во пораст меѓу двата НАТО-сојузника, додавајќи дека Алијансата презела иницијатива да ги обедини двата високо ценети сојузници, Грција и Турција, да седнат заедно и да разгледаат како можат да ги развијат, како што тие ги нарекуваат, воените механизми за деконфликција.
„Ова е во врска со тоа како да се осигуриме дека бродовите, авионите, ја држат потребната оддалеченост, и се однесуваат на одговорен начин. Значи спречуваме, избегнуваме инциденти и несреќи. И секогаш постојат ризици кога имате толку многу бродови на исто место на истата територија, како што видовме во Источниот Медитеран“, рече тој.
Столтенберг, исто така, рече дека неговите неодамнешни разговори со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, и со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, довеле до почеток на техничките воени разговори.
„Се надевам дека ако можеме да најдеме решение, да ги воспоставиме овие механизми, тогаш тоа може да помогне во поддршката на напорите предводени од Германија за олеснување на разговорите за основниот проблем.“
„Значи, постои работа која е во тек тука во НАТО. Деконфликцијата е важна сама по себе. Ги намалува ризиците, инцидентите и несреќите. И се надевам дека може да ги поддржи и напорите на Германија да се справи со основниот проблем“, додаде тој.
Грција со поддршка на Франција го оспорува истражувањето на енергетските ресурси од страна на Турција во Источниот Медитеран, правејќи обиди да ја ограничи турската поморска територија врз основа на малите грчки острови во близина на турскиот брег.
Турција, земја со најдолго крајбрежје на Медитеранот, испрати наменски бродови за истражување на енергетските ресурси во својот континентален појас, нагласувајќи дека и Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) имаат права во тој регион.
Со цел да се намалат тензиите, Турција повика на дијалог за да се обезбеди праведна поделба на ресурсите.
Минатата недела се одржа петтиот круг технички разговори меѓу турските и грчките воени делегации во седиштето на НАТО.
Одржани во Брисел, разговорите беа планирани по состанокот меѓу претседателот Ердоган и Столтенберг претходно овој месец.
Минатата недела грчкото Министерство за надворешни работи објави дека наскоро треба да започне 61-та рунда разговори за истражување меѓу Турција и Грција.
Во Атина на 1 март 2016 година се одржа 60-от круг, последниот од преговорите за истражување иницирани меѓу двете земји во 2002 година.
Оттогаш, билатералните преговори продолжија во форма на политички консултации, но не се вратија во истражувачката рамка.