Betül Yılmaz
19 Ноември 2025•Ажурирај: 20 Ноември 2025
ГАЗА / ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 25 Палестинци се убиени, 77 се повредени во израелските воздушни напади во Појасот Газа денес, соопшти Министерството за здравство во Газа, што претставува ново кршење на кревкиот договор за прекин на огнот, кој е во сила од минатиот месец, известува Анадолу.
Во соопштението на министерството се вели дека некои од повредените цивили се во критична состојба.
Израелската армија започна серија напади во неколку области во Газа оваа вечер. Војската тврди дека нападите биле одговор на истрелите насочено кон нејзините сили во Рафа, во јужна Газа.