Afra Aksoy
07 Јуни 2018•Ажурирај: 07 Јуни 2018
МАГРЕБ (AA) - Најмалку 40 лица загинаа во последното потонување на брод со африкански мигранти во Јемен, јавува Anadolu Agency (AA).
Според Меѓународната организација за миграција (IOM), на бродот се наоѓале околу 100 мигранти од Етиопија, Џибути, Сомалија и Еритреја. Причината за тонењето сè уште не е утврдена.
Според прелиминарните податоци, 40 лица загинаа, а 16 се водат како исчезнати. Од ИОМ изразија загриженост дека бројот на мртви би можел да се зголеми.
Тие, исто така, наведуваат дека за 39 лица обезбедиле храна и пијалаци и потребната медицинска и психолошка помош.
Според податоците на Меѓународната организација за миграција (IOM), од почетокот на оваа година најмалку 785 мигранти се удавиле во Средоземното Море. Во првата половина од минатата година на тоа подрачје се удавиле 1.650, а една година претходно 2.512 мигранти.