Zeynep Rakipoğlu
09 Март 2021•Ажурирај: 10 Март 2021
ИСТАНБУЛ
Некои невладини организации ги поканија сите сегменти во општеството да спроведат активности за подигање на свеста во сите области на животот, особено во врска со Мирач, Ерусалим и Месџид aл Акса, известува Агенција Анадолија (АА).
Во заедничкото писмено соопштение што го дадоа 41 невладина организациjа по повод Светската недела на Ерусалим, што трае од 8 до 14 март, се наведува дека некои градови во светот, покрај историјата на човештвото, ја отсликуваат неговата совест и душа, а Ерусалим, кој бил дом на пророците низ историјата, се наоѓа на првото место меѓу овие градови.
Во соопштението се наведува дека покрај тоа што од аспект на муслиманите, Ерусалим претставува втор месџид (објект за молење) изграден на земјата и прво кибле (правец на молитвите), тој има посебно значење бидејќи бил место за одмор на пророкот Мухамед на неговото патување кон Мирач.
Посочувајќи дека деструктивната политика на окупаторите и нивните меѓународни поддржувачи ги зголемува одговорностите во врска со Ерусалим, во соопштението се вели „Ерусалим е дрво на мирот и доколку се урне, тогаш целиот свет ќе остане под него“, истакнувајќи дека на многу впечатлив начин се привлекува вниманието за одговорноста на целото општество во врска со Ерусалим.
Во соопштението, додавајќи дека муслиманите имаат религиозна и верска одговорност кон Ерусалим и Месџид ал Акса, се истакнува следното:
„Еден од благословените зборови што сета оваа одговорност ја ставија на нашите плеќи пред многу години е следното: ‘Одете во Месџид ал Акса и молете се таму. Ако не можете да одите таму и да се помолите во неа, испратете маслиново масло за да се запалат таму ламбите на масло. Благонаклоноста на Хазрети Омер кон Ерусалим, љубовта на Салахудин кон Ерусалим и напорите на муслиманите во текот на стотици години да го зачувуваат Ерусалим како исламски град, град на мирот и спокојот во којшто заедно живеат различни вери, се резултат на оваа одговорност. Со чувство на одговорност, ние, невладините организации потписнички на ова соопштение, изјавуваме дека со задоволство ја поздравуваме одлуката на Претседателството за верски прашања, неделата во која се слави Мирач Кандил да се прогласи за „Светска недела на Ерусалим“. Затоа, ги покануваме сите сегменти во општеството, оваа недела да спроведат активности за подигање на свеста во сите области на животот, особено во врска со Мирач, Ерусалим и Месџид ал Акса. Нашиот напор и молитва е Ерусалим повторно да стане слободен град на благосостојба и мир, достоен за неговото име.“