Aşkın Kıyağan
25 Јули 2023•Ажурирај: 26 Јули 2023
ЦИРИХ (АА) - Најмалку едно лице загина, а неколкумина се повредени од силната бура што ја зафати Западна Швајцарија, известува Анадолу.
Силен дожд придружен со ветер, кој достигнуваше брзина и до 217 километри на час, го зафати градот Шо де Фон во регионот Нешател, кој се граничи со Франција.
Предизвикана е голема материјална штета, а однесени се и покриви од куќите. Оштетени се и возила.
Швајцарската сојузна Канцеларија за метеорологија и климатологија објави дека се обидуваат да утврдат дали станува збор за торнадо.
Силните ветрови корнеле дрвја, блокирајќи ги железничките пруги и предизвикувајќи прекин на железничкиот сообраќај во некои подрачја.