Kasım İleri
13 Декември 2020•Ажурирај: 14 Декември 2020
ВАШИНГТОН
Во главниот град на Соединетите Американски Држави (САД), Вашингтон, и синоќа дојде до судири помеѓу демонстрантите на групите кои ја поддржуваат политиката на претседателот Доналд Трамп и оние што се противат на политиката на неговата администрација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Групите кои го поддржуваат Доналд Трамп од петокот одржуваат протести во Вашингтон во пресрет на претстојното гласање на Електорскиот совет, кој би требало да ја потврди изборната победа на демократскиот кандидат Џозеф Бајден.
И покрај зајакнатите безбедносни мерки, во повеќе вашингтонски квартови дојде до судири помеѓу приврзаниците и противниците на политиката на Трамп.
Во судирот на Плоштадот БЛМ едно лице е тешко повредено со нож, а полицијата приведе повеќе лица.
Слични нереди беа видени на улиците во Вашингтон и кон средината на ноември, кога приврзаниците на политиката на Трамп протестираа поради изборните резултати.