Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
22 Март 2021•Ажурирај: 23 Март 2021
АНКАРА
Најмалку тројца терористи на ЈПГ/ПКК се неутрализирани во северниот дел на Сирија откако отвориле оган врз турските командосни единици, соопшти турското Министерство за одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во објава на социјалната мрежа Твитер, Министерството соопшти дека терористите на ЈПГ/ПКК се обиделе да извршат напади во зоната на операцијата „Извор на мирот“.
„Како одговор на тоа, командосите неутрализираа тројца терористи на организацијата“, се додава во соопштението.
„Бројот на неутрализирани терористи на ЈПГ/ПКК од страна на нашите турски вооружени сили во зоната на операцијата „Извор на мирот", во изминатите три дена достигна 35“, соопштува Министерството.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.