Ekip
21 Ноември 2017•Ажурирај: 22 Ноември 2017
МАИДУГУРИ (АА) - Бројот на жртвите во самоубиствениот напад на џамија во источна Нигерија се искачи на 50, соопшти полицијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата, Осман Ебубекир, соопшти дека сѐ уште се обидуваат да го утврдат бројот на повредените, бидејќи голем број луѓе се хоспитализирани во неколку болници.
Нападот беше извршен во 5:20 по локално време, по утринската молитва сабах-намаз на џамија во источната провинција Адамава, поточно во регионот Муби, од страна на момче на возраст од околу 17 години.
Иако никој не ја презеде одговорноста за нападот, се претпоставува дека зад него стои терористичката организација Боко Харам.