Recep Şakar
03 Септември 2021•Ажурирај: 06 Септември 2021
МЕЛБУРН (АА) - Напад со нож е извршен во трговски центар во Оукленд, најголемиот град во Нов Зеланд, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Маж кој со нож повредил 6 лица, од кои 3 потешко, во трговскиот центар „Њу Лин“ во регионот Западен Оукленд, бил застрелан од полицијата на местото на нападот, според веста што ја објави Радио Нов Зеланд,
Џасинда Ардерн, премиерката на Нов Зеланд, на прес-конференција во врска со нападот изјави дека станува збор за терористички напад.
Премиерката Ардерн информира дека терористот бил државјанин на Шри Ланка, кој пристигнал во Нов Зеланд во октомври 2011 година, а од 2016 година бил следен од страна на единиците за национална безбедност.