Mahmut Atanur
14 Мај 2018•Ажурирај: 14 Мај 2018
ЏАКАРТА (AA) – Најмалку седум лица се убиени во бомбашки напад кој утрово е извршен врз полицискиот центар во вториот најголем индонезиски град Сурабаја, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на полицијата во индонезиската покраина Источа Јава, Франс Барунг Мангера, соопшти дека автомобил бомба експлодирал пред полицискиот центар и контролниот пункт во улицата „Сикатан“ во центарот на градот.
Вчера во Сурабаја во три одделни бомбашки напади на цркви се убиени најмалку 13, а ранети се 41 лице, а уште најмалку 3 лица загинаа во експлозија на бомба во местото Сидоарјо.
Полицијата соопшти дека вчерашните два случаи се поврзани. Нападите на црквите ги изведоа членовите на шестчленото семејство кои се вратиле од Сирија. Напаѓачите беа поврзани со локален огранок на терористичката организација ДЕАШ.