Esra Taşkın
19 Октомври 2023•Ажурирај: 20 Октомври 2023
ПАРИЗ (АА) - Извршена е евакуација на четири аеродроми во Франција поради дојава за бомби, пренесува Анадолу.
Каналот БФМТВ објави дека аеродромите во градовите Бордо, Нант, Лил и Монпелје биле евакуирани поради закана од бомба.
Полициски тимови вршат претреси на аеродромите.
Аеродромот во Лил е пуштен во функција по еден и пол час евакуација и претрес.
По лажните закани за бомба во подрачјата, како што се училишта, аеродроми и музеи во Франција изминатите денови, министерот за правда на земјата, Ерик Дупон-Морети, вчера најави дека ќе се пронајдат и ќе се казнат оние што предизвикуваат такви инциденти.
Вчера шест аеродроми во Франција беа евакуирани поради закани за бомби, но се покажа дека дојавите се лажни.