Ekip
15 Март 2020•Ажурирај: 15 Март 2020
ЛОНДОН (АА) - Новороденче во Велика Британија е позитивно на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што е најмладото заразено лице во оваа земја, според соопштението на една болница, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мајката на ова новороденче била пренесена во болница во Лондон со симптоми на пневмонија. Мајката и детето се позитивни на овој вирус.
Нејасно е дали бебето го добило вирусот во матката или за време на раѓањето.
„Двајцата пациенти во болницата на Универзитетот „Мидлсекс“ се позитивни на коронавирусот. Едниот пациент е пренесен во специјалистичкиот центар, додека другиот се лекува во соба во изолација“, се вели во соопштението на болницата, во кое се додава дека главниот приоритет е безбедноста на пациентите и персоналот.