Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
11 Јануари 2021•Ажурирај: 12 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Државниот министер за надворешни работи на Обединетите Американски Емирати доцна синоќа ја изрази подготвеноста на неговата земја да ги нормализира односите со Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи за „Скајњуз Арабија“ со седиште во ОАЕ, Анвар Гаргаш истакна: „Она што сакаме да ѝ го кажеме на Турција е дека сакаме да ги нормализираме нашите односи во рамките на заемното почитување на суверенитетот“.
Наведувајќи дека нема причини што би предизвикале спорови или проблеми меѓу Турција и ОАЕ, Гаргаш ја повика Анкара да престане со „поддршката на Муслиманското братство и да ги обнови односите“ со арапскиот свет.
Неколку дена по нормализацијата на односите меѓу Катар и Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин и Египет минатата недела, Гаргаш рече дека ОАЕ се трговски партнер број еден на Турција на Блискиот Исток, додавајќи: „Ние не сакаме никакви несогласувања со Турција“.