Furkan Naci Top
16 Ноември 2016•Ажурирај: 16 Ноември 2016
АТИНА (АА) - Американскиот претседател Барак Обама во врска со поддршката на САД за НАТО рече: „Без разлика дали се демократите или републиканците, сигурен сум дека ќе прдодожиме да ги штитиме нашите партнери и да ги исполниме обврските од транс-атланскиот договор", јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Обама одржа говор во Атина, главниот град на Грција, каде зборуваше за демократја, еднаквост и економијата. Тој се наоѓа во Грција во својата проштална посета.
Обама рече дека демократијата се роди во Грција и дека нема да згасне. Тој истакна дека САД секогаш ќе бидат поддржувачи на демократијата и дека тоа е корисно и за САД.
Американскиот претседател истакна дека решението на проблемите на земјите преку демократија е најрационалниот пат.
„Затоа без да употребиме еден куршум изнајдовме решение за нуклеарниот проблем со Иран. Преку дипломатија повтрно ги започнавме односите со Куба. Соединивме околу 200 земји во еден од најголемите договори за заштита на нашата планета од климатските промени“, рече Обама.
Американскиот претседател Барак Обама рече дека САД се пријатели на демократијата,а НАТО го оцени како важен сојуз кој секогаш е силен и подготвен.
„Без разлика дали се демократите или републиканците, сигурен сум дека ќе прдодожиме да ги штитиме нашите партнери и да ги исполниме обврските од транс атланскиот договор каде што САД веќе 70 години е дел од овој договор“.
Истакнувајќи дека демократијата е послина од терористичките организации како што се ДЕАШ Обама рече: „Нашата демократија е посилна од тие коишто не покажуваат толеранција кон различноста, од тие коишто со сила се обидуват да ги променат луѓето и посилна е од екстремистите".
А пак во врска со претседателските избори во САД Обама рече: „Не можеше да бидеме поразлични јас и следниот претседател, но никој не е поголем од демократијата. Нашата администрација ќе напарави се што е потребно транзицискиот период да помине непречено“.
Во врска со економската криза во Грција Обама вети дека САД ќе ја продолжат да ја поддржуваат Грција се додека таа работи на напорите за реформи. Тој истакнувајќи дека на народот му е потребна надеж за иднината повика кредиторите да ги олеснат долговите на Грција.
Обама потсети и на даночното затајувањ ена некои луѓе и на злоупотребата на законот и во овој контескт рече дека оваа ситуација придонесува за едно „чуство за длабока неправда и за неправда што постојано се зголемува.“
„Оваа нееднаквост создава голема штета врз нашите економии и демократии“, рече Обама.