Vügar Novruzoğlu,Tuğrul Çam
15 Март 2016•Ажурирај: 16 Март 2016
МОСКВА/ВАШИНГТОН (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Барак Обама имаа телефнски разговор на тема Сирија, откако Русија донесе одлука за повлекување на своите сили од подрачјето на таа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Кремљ се наведува дека Путин и Обама разговарале на темата за делумно и привремено воспоставување на примирјето во Сирија.
Путин го известил Обама дека Русија донела одлука да повлече поголем дел од своите сили од Сирија, откако ја извршила својата должност на подрачјето на таа земја.
Додал и дека оваа одлука е добар сигнал за започнување на политички преговори помеѓу завојуваните страни во Сирија.
Во соопштението од Белата куќа се наведува дека Обама и Путин разговарале за одлуката за повлекување на руската војска од Сирија, како и за чекорите кон целосно имплементирање на постигнатиот договор за прекин на судирите во Сирија.
Обама го изразил своето задоволство поради намалувањето на судирите од постигнувањето на примирјето, но исто така истакнал дека продолжувањето на нападите на силите на сирискиот режим се опасни во контекст на можно „поткопување” на договорот за прекин на судирите а исто така и на процесот под водство на Обединетите нации (ОН), се наведува во соопштението.
Обама, исто така нагласил дека режимот не смее да го блокира доставувањето на хуманитарната помош во оваа земја, особено во градот Дера, и додал дека многу е важен политичкиот преоден рок за решавањето на сириската криза.