Hajer M'tırı
14 Ноември 2015•Ажурирај: 15 Ноември 2015
ПАРИЗ (АА) – Обвинителството во Париз соопшти дека бројот на смртно страданите во синоќешните терористички напади во главниот град на Франција порасна на 129 лица, како и дека еден од напаѓачите кои ги држеле заложниците е француски државјанин кој на полицијата и бил познат претходно, јавува Anadolu Agency.
Bo нападите за кои денеска одговорноста ја презеде терористичката организација Даеш, според податоците на обвнинителството, ранети се 352 лица, меѓу кои 99 се наоѓаат во критична состојба. Обвинителството во Париз соопшти дека се убиени седум терористи, како и дека нападите ги координирале три групи напаѓачи.
Соопштено е исто така, дека напаѓачите кои како заложници ги држеле посетителите на концертот во салата Bataclan, а потоа почнале да пукаат на нив, ја спомнувале Сирија и Ирак.
Според наводите на обвинителството, само во оваа сала се убиени 89 лица. Исто така, како тврди обвинителството, сите терористи имале исти елеци со експлозив, дизајнирани на начин да со нивно детонирање може да се убие поголем број луѓе.
По синоќешните напади во Франција во близина на националниот стадион, во квартот со познати ресторани и кафулиња и во концертната сала, прогласена е вонредна состојба. Францускиот претседател Франсоа Оланд, прогласни тридневна жалост во знак на сеќавање на жртвите од нападот. Нападите во Париз ги осудија бројни светски лидери и организации.