Dilara Karataş
14 Март 2023•Ажурирај: 15 Март 2023
МЕКСИКО СИТИ (АА) – Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор ги опиша предупредувањата на американската Влада за патување во Мексико како кампања за оцрнување, велејќи дека неговата земја е побезбедна од Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу.
„Луѓето можат безбедно да патуваат во Мексико. Во таа смисла нема никаков проблем и тоа многу добро го знаат граѓаните на САД и нашите граѓани“, изјави Лопез Обрадор.
Изјавувајќи дека конзервативните политичари во САД се обидуваат да го прикажат Мексико како пропадната држава, Обрадор рече дека на овој начин сакаат да го поткопаат успехот на неговата администрација.
Обрадор понатаму рече дека САД се обидуваат да создадат перцепција на недоверба и да кажат дека мексиканската Влада не работи.
Истакнувајќи дека во последните години голем број Американци имигрирале во Мексико, Обрадор ги опиша предупредувањата за патување во САД како неосновани.
„Тоа е кампања за оцрнување. Мексико е побезбедно од САД“, изјави Обрадор.
Неодамна во Мексико исчезнаа четворица американски државјани, од кои двајца беа пронајдени мртви. САД издадоа предупредување до граѓаните кои патуваат во Мексико.