Emel Gözellik
07 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Месецот септември оваа година беше најтопол досега регистриран на планетата, се наведува од „Коперникус“ (Copernicus) - Европската служба за климатски промени, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Соопштено е дека глобалната температура во септември оваа година била над просекот.
Температурата во септември годинава беше 0,05 степени над температурата во истиот период минатата година.
Експертите тврдат дека ова е показател за зголемување на температурата поради емисиите на јаглерод предизвикани од човекот.
Службата за климатски промени наведе дека температурите на сибирскиот Арктик и понатаму се над просекот.