İdiris Okuduci
20 Септември 2020•Ажурирај: 21 Септември 2020
БАГДАД (АА) - Од ирачката северна покраина Мосул до границата со Турција ќе биде изградена модерна железница, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на Мосул, Неџим ел Џубури, во изјава за ирачкиот полудржавен весник „Ес-Сабах“ истакна дека со поддршка на турските компании, екипа составена од инженери во наредните денови ќе започне со поставување нова модерна пруга меѓу двете земји.
Ел Џубури рече дека целта на изградбата на оваа железничка линија, што ќе биде изградена од центарот на градот Мосул кон границата со Турција, е да се намали интензитетот на копнениот граничен премин.
Тој не даде детали околу буџетот и цената на овој проект.
За трговските и меѓународните премини меѓу Турција и Ирак обично се користи граничниот премин „Хабур-Ибрахим Халил“.
Амбасадорот на Турција во Багдад, Фатих Јилдиз, во февруари истакна дека обемот на трговска размена меѓу двете земји во 2019 година изнесувал околу 15,8 милијарди долари.