Ali H. M. Abo Rezeg
09 Април 2020•Ажурирај: 09 Април 2020
ЕРУСАЛИМ
Бројот на заразени со Ковид-19 во Израел се зголеми на 9.755, а бројот на смртни случаи изнесува 79, објави денес Министерството за здравство на таа земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството соопшти дека во последните 24 часа од последиците на Ковид-19 починале уште осум лица, а 351 се позитивни на вирусот.
Наведоа дека 171 од речиси 10.000 пациенти се во критична состојба, додека 864 досега се излекувале.
Поради одбележувањето на еврејскиот празник Пасха, Израел воведе полициски час до петок.
Во Израел се затворени сите училишта, а забранети се и јавни собири со 10 или повеќе луѓе на отворен или затворен простор.
Сите продавници, освен супермаркети, аптеки, бензиски пумпи и банки се исто така затворени од 15 март.
Во земјата е забранет влез за странци, освен за оние коишто престојуваат во Израел.