Burak Karacaoğlu,Ömer Koparan,Adham Kako
20 Март 2018•Ажурирај: 21 Март 2018
АФРИН/АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната војска на Сирија (ССВ) ослободија уште три села во околината на Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Дописникот на АА од теренот информира дека ТСК и ССВ, во рамките на операцијата што е во тек, од терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ ги ослободиле селата Ајн Дара, Басута и Бурџ Абдула, сместени јужно од градот Африн.
ТСК и ССВ во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, претходните денови целосно ги ослободија сите подрачја источно, северно и западно од градот Африн.
Подрачјето на Африн се состои од градот Африн и шесте области: Раџу, Булбул, Шејх Хадид, Џиндерес, Шеран и Мабатла. Градот Африн и шесте околни области целосно се под контрола на ТСК и ССВ.
- Во Африн се неутрализирани 3.655 терористи
Претседателот Ердоган информираше дека од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ досега се неутрализирани 3.655 терористи.