Atila Altuntaş
19 Декември 2022•Ажурирај: 20 Декември 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Одбиено е барањето за екстрадиција во Туркије на Булент Кенеш, осомничениот во бегство во истрагата против терористичката организација ФЕТО, кој живее во Шведска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Врховниот суд на Туркије се наведува дека за да се исполни барањето за екстрадиција, потребно е осомничениот да добие затворска казна од една година или повеќе години, и дека тој услов не е исполнет.
Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, на заедничката прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон одржана на 9 ноември рече дека за нив е од големо значење депортирањето во Туркије на терористот на ФЕТО, Булент Кенеш, кој се наоѓа во Шведска.
Инаку, Кенеш е поранешен главен и одговорен уредник на весникот „Тудејс Заман“ и живее во Шведска.