Emel Gözellik
05 Јануари 2021•Ажурирај: 06 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Одлуката за затворање на медресите во индиската сојузна држава Асам предизвика остри реакции, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во локалните медиуми, опозициските партии реагирале на регулативата во врска со затворањето на медресите, донесена минатата недела во Собранието на Асам.
Дебабрата Саикиа, еден од опозициските лидери, истакна дека целта на законот усвоен од владејачката Индиска народна партија (BJP) е консолидирање на гласовите на партијата.
Наведувајќи дека тоа е „тактика за поларизација“, Саикиа истакна дека нема потреба од ваков закон.
Министерката за образование, Химанта Бисва Сарма, изјави дека законот е наменет за државните медреси во Асам и дека нема да се преземат чекори за затворање или регулирање на приватните медреси.
Сарма, исто така, додаде дека државните медреси ќе се трансформираат во основни и средни училишта и колеџи.
Претставниците на опозициската партија, критикувајќи ја оваа практика, истакнаа дека одлуката е дел од антиисламската политика на Владата.
Министерката за образование, Сарма, соопшти дека повеќе од 700 училишта, што работат во сојузната држава Асам и се познати како „медреси“, ќе бидат затворени до април.