Mohamed Sabry Emam Muhammed
14 Април 2019•Ажурирај: 18 Април 2019
ЏЕДА (AA) - Организацијата за исламска соработка (OIC) ги повика сите страни на воспоставување дијалог и мирно надминување на кризата во Судан, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ги повикуваме сите страни да покренат конструктивен дијалог, со цел зачувување на мирот и исполнување на барањата на народот за мирна транзиција на власта“, се наведува во соопштението на најголемата муслиманска организација.
Суданската војска во четвртокот, по повеќемесечните протести го собори претседателот Омар ал Башир, кој владееше со Судан од 1989 година.
Војската, исто така основаше Воен совет кој ќе управува со земјата во преоден период од две години. На чело на Советот првично е именуван министерот за одбрана, Ахмед Авад Ибн Ауф, кој еден ден подоцна поднесе оставка, а наместо него е именуван генерал-полковникот Абдел Фетах Бурхан.
Опозицијата на Воениот совет му достави листа со седум барања, меѓу кои бара воспоставување цивилна власт во таа земја. Најавено е продолжување на масовните протести сѐ до исполнување на барањата.