Ekip
08 Октомври 2021•Ажурирај: 09 Октомври 2021
ГАЗА
Организацијата за исламска соработка (OIC) ја осуди одлуката на израелскиот суд дека „тивките“ молитви на Евреите во комплексот на Џамијата „Ал Акса“ во окупираниот источен Ал Кудс (Ерусалим) не се кривично дело, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот секретар на ОИС, Јусеф ал Отаимен, преку соопштение изјави дека оваа пресуда е провокација за муслиманите низ светот.
„Ваквите незаконски одлуки претставуваат напад без преседан врз неотуѓивите верски права на исламската нација и нејзиното наследство, провокација кон чувствата на муслиманите низ светот и повреда на слободата на богослужба и светоста на светите места“, рече тој.
Како што наведе, ОИС ги отфрла „сите мерки преземени од окупаторската сила Израел, кои влијаат врз статусот на окупираниот источен Ал Кудс и палестинското присуство таму или им нанесуваат штета на исламските и христијанските светци“.
Во средата, израелски судија донесе одлука без преседан дека тивките молитви на Евреите во комплексот на Џамијата „Ал Акса“ не се криминален чин.
Обично израелските имигранти влегуваат во комплексот секое утро и попладне преку портата Ал Муграби, југозападно од џамијата.
Израелската полиција почна да дозволува упади на имигранти во 2003 година, и покрај постојаните осуди од страна на Исламската вакафска управа во Ал Кудс.
За муслиманите „Ал Акса“ претставува трето најважно светилиште, по „Месџид ел Харам“ во Мека и Џамијата на Пророкот (Месџид ел Небеви) во Медина, а Евреите сметаат дека на тоа подрачје некогаш постоеле два еврејски храма.
Комплексот „Ал Акса“, што се простира на 15 % од површината на старото јадро на Ал Кудс (Ерусалим), е под израелска окупација, и претставува точка на соединување на трите најголеми светски религии.
Израел го окупира Источен Ерусалим, каде што се наоѓа „Ал Акса“, за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Го анектира целиот град во 1980 година, потег што никогаш не го призна меѓународната заедница.