Ali Abo Rezeg
11 Септември 2019•Ажурирај: 12 Септември 2019
ЏЕДА (АА) - Организацијата за исламска соработка (ОИС) денеска објави дека наскоро ќе свика итен состанок на ниво на министри за надворешни работи за да ја разгледаат неодамнешната изјава на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавува Anadolu Agency (AA).
Бенјамин Нетанјаху, вчера, за време на изборен собир вети дека ако победи на општите избори закажани за 17 септември, ќе анектира делови од окупираните територии во Западниот Брег - вклучувајќи го северниот дел на Мртвото Море и Јорданската Долина.
Генералниот секретар на ОИС, Јусеф бин Ахмад ал Отаимен, остро ја осуди ваквата намера на Нетанјаху да го наметне суверенитетот на Израел врз палестинските територии, во случај тој да победи на израелските општи избори.
Тој, исто така нагласи дека оваа опасна објава претставува уште една агресија против правата на палестинскиот народ.
Ал Отаимен изјави дека на состанокот ќе се дискутира за можните политички и легални мерки кои можат да бидат преземени за спротивставување на новата агресија од Израел.