Bayram Altuğ
17 Март 2017•Ажурирај: 18 Март 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Најмалку 31 лице загинаа, а 80 се повредени во воздушен напад извршен врз брод со сомалиски мигранти на брегот на Црвеното Море во Јемен, потврди портпаролот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), Џоел Mилман, јавува Anadolu Agency (AA).
Според него, меѓу жртвите има жени и деца, а нападот се случил минатата ноќ и бил извршен со хеликоптери.
Портпаролот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), Џоел Mилман, рече дека бродот бил полн со сомалиски мигранти, кои се обиделе да дојдат до Судан. Според досегашните информации, смртно настрадаа 31 лице.
Повредените лица се хоспитализирани, а 24 од нив се во критична состојба.