Shpetim Hiseni
06 Декември 2025•Ажурирај: 07 Декември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Генералното собрание на ОН гласаше за продолжување на мандатот на Агенцијата за палестинските бегалци, УНРВА, за уште три години, до 2029 година, со огромно мнозинство „за“, пренесува Анадолу.
Според резултатот, 151 земја гласаше „за“, 10 гласаа „против“ и 14 беа воздржани. Меѓу нив, Северна Македонија гласаше „против“, а Албанија беше воздржана.
Гласањето доаѓа во услови на сериозна хуманитарна криза за Палестинците откако Израел ги забрани активностите на УНРВА на палестинските територии.
Во октомври 2024 година израелскиот Парламент, Кнесет, донесе закони со кои се забрануваат какви било активности на УНРВА во земјата, вклучително и Источен Ерусалим и окупираните територии.
Меѓународните организации и голем број земји ја осудија забраната, сметајќи ја за кршење на меѓународното право и голема закана за палестинските бегалци.