Bayram Altuğ
04 Ноември 2016•Ажурирај: 05 Ноември 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Претставниците на Обединетите нации (ОН) изразија загриженост дека припадниците на терористичката организација ДЕАШ би можеле киднапираните 1.600 цивили од Хамам ал Алил и пренесени во Тал Афар, Ирак, да ги одведат во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за бегалци, Равина Шамдасани изјави дека добиле информација оти во Тал Афар, припадниците на ДЕАШ заробиле 400 припадници на неколку етнички групи.
Освен тоа, припадниците на споменатата терористичка организација ги присилуваат децата во Мосул на возраст од 9 до 10 години да се борат во нивните редови.
Шамдасани истакна дека добиле и различни информации дека ДЕАШ во регионот врши масовни егзекуции и оти само на 31 октомври убиле околу 50 дезертери.
Таа додаде дека од сигурни извори добиле информација дека припадниците на ДЕАШ убиле 180 цивили на 2 ноември, во Кокјели, источно од центарот на Мосул. Покрај тоа, можно е и околу 200 цивили да се убиени во Мосул.