Cem Genco
26 Септември 2017•Ажурирај: 26 Септември 2017
ХАТАЈ (АА) - Обединетите нации (ОН) испратија 13 камиони со хуманитарна помош во сирискиот град Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Хуманитарниот конвој со 13 камиони го премина граничниот премин Џилвеѓозу, во регионот Рејханли во Хатај.
Камионите се натоварени со потребните намирници за помош за жителите на Идлиб и околните села. Идлиб е оддалечен околу пет километри од пограничната област Рејханли во турската област Хатај.
Граѓанската војна во Сирија започна во март 2011 година, кога силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се обидоа да ги задушат големите продемократски протести во земјата.
Војната во форма на режимските сили на една, и опозицијата од друга страна, траеше кратко. Сирискиот огранок на терористичката организација ПКК (ПЈД / ЈПГ) ја искористи воената состојба за да ја преземе контролата во североисточниот дел на земјата.
Ограноците на Ал Каеда се бореа против сите за да го оживеат ова терористичко движење во залез, а во 2014 година, како нов субјект во војната се појавува терористичката организација ДЕАШ.
Од почетокот на војната се водеше борба меѓу опозициските групи, чија единствена заедничка карактеристика е борбата против режимот, но тие се разликуваат по другите свои параметри.
Новите судири меѓу опозициските групи уште повеќе ја комплицираат ситуацијата на теренот, но исто така отежнуваат да се воспостават процесите за градење мир во земјата.