Cem Genco
02 Мај 2018•Ажурирај: 03 Мај 2018
ХАТАЈ (АА) - Обединетите нации (ОН) испратија хуманитарна помош за жителите на сирискиот град Идлиб, а станува збор за конвој кој се состои од 22 камиони со помош, јавува Andolu Agency (AA).
Според новинарот на АА од Хатај, конвојот со хуманитарната помош преминал од турскиот град Хатај на територијата на Сирија преку граничниот премин Џилвегозу.
Се дознава дека оваа хуманитарна помош во текот на наредните денови ќе биде поделена на жителите во и околу градот Идлиб.