Ecevit Cemiloğlu
09 Март 2022•Ажурирај: 10 Март 2022
ХАТАЈ (АА) - Обединетите нации (ОН) денеска испратија 43 камиони со хуманитарна помош во градот Идиб во северозападна Сирија која е зафатена од војна, јавува Агенција Анадолија (АА).
Камионите преминаа во регионот преку граничниот премин „Чилвеѓозу“ во јужната турска област Хатај.
Хуманитарна помош ќе биде поделена на Сиријците во градот Идлиб и руралните области.
Сирија е заробена во жестока граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.
Според податоците на ОН, стотици илјади луѓе оттогаш се убиени, а повеќе од 10 милиони се раселени.