Betül Yürük
20 Април 2022•Ажурирај: 21 Април 2022
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека повеќе од 12 милиони луѓе се раселени во Украина поради војната, од кои приближно 5 милиони се бегалци во соседните земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Антонио Виторино, генерален директор на Меѓународната организација за миграции, на брифинг пред Советот за безбедност на ОН рече дека повеќе од 12 милиони луѓе во Украина се насилно раселени поради војната.
Посочувајќи дека психолошките потреби на возрасните и децата ќе се зголемуваат со зголемувањето на руските напади во Украина, Виторино рече дека жените и децата треба да бидат заштитени од трговија со луѓе, злоупотребата и сексуалното насилство.
Виторино наведе дека повеќе од половина од децата во Украина се раселени и ги повика земјите што се домаќини на украински деца, да помогнат да се идентификуваат децата кои се без придружба и да се обединат со нивните семејства и роднини.
Упатувајќи повик да се престане со дискриминацијата на бегалците, Виторино нагласи дека дискриминацијата врз основа на раса, етничка припадност, националност или статус на имигранти е неприфатлива.
Кели Клементс, претставничката на УНХЦР, рече дека бројот на украинските бегалци достигна речиси 5 милиони.