Bayram Altuğ
13 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
ЖЕНЕВА
Комесаријатот на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) реагираше на извештаите за протерување на мигрантите и азилантите назад во соседна Турција и побараа спроведување истрага во врска со тоа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гласноговорникот на УНХЦР Бабар Балоч во Женева рече дека оваа организација на ОН добива се повеќе извештаи за протерување на мигрантите и азилантите кон Турција.
Истакнувајќи дека УНХЦР има сознанија дека групи мигранти и азиланти и по доаѓањето во Грција во групи ги протеруваат назад во Турција преку морето и копнената граница, Балоч рече дека грчките сили ги протеруваат мигрантите кои сакаат да влезат во таа земја.
„Ги повикуваме грчките власти да ги истражат овие тврдења. УНХЦР во контактот со Владата на Грција постојано изразува загриженост за тоа прашање и ги повикавме на истрага врз база на медиумските извештаи и сведочења на очевидците. И покрај тоа, и понатаму добиваме се повеќе слични дојави, посебно од морската граница", рече Балоч.
Нагласувајќи дека секоја земја има право и обврска да ја штити сопствената граница, Балоч рече дека извештаите кои УНХЦР ги добива укажуваат на тоа дека Грција моментално ги крши своите меѓународни обврски и ги доведуваат луѓето во сериозна опасност.
„Ја повикуваме Грција да ги почитува меѓународните човекови права и стандарди за заштита на мигрантите и бегалците", порача Балош.
Меѓународната организација за мигранции (ИОМ) вчера изрази загриженост поради извештаите за враќање и колективно протерување на мигрантите од Грција, во некои случаи и со насилен начин.
Од ИОМ исто така наведоа дека земјите би требало да се воздржат од депортацијата во текот на кризата предизвиката од пандемијата на Ковид-19, но дека би можеле да продолжат со процесот на доброволно враќање.
„Меѓународната организација за миграции ги повикува грчките власти да ги истражат овие наводи и сведочења на луѓето кои се приморани да ја преминат грчко-турската граница", порачаа од ИОМ.