Betül Yürük
09 Април 2020•Ажурирај: 10 Април 2020
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ
Обединетите нации (ОН) ја суспендираа ротацијата на војниците на мировните сили поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Стефан Дујариќ, портпаролот на генералниот секретар на ОН, соопшти дека до 39 јуни се суспендирани ротациите и новите прераспоредувања на војниците на мировните сили и меѓународните полициски сили на ОН.
Дујариќ истакна дека војниците на мировните сили во постоечките мисии поради пандемијата нема да бидат преместувани од самите места.
Обединетите нации на различни подрачја од светот, како што се Блискиот Исток, Африка и Кипар, спроведуваат 13 мисии на мировните сили во кои учествуваат повеќе од 100.000 униформирани и цивилни лица.