Cüneyt Karadağ
24 Јануари 2020•Ажурирај: 25 Јануари 2020
БЕРЛИН (АА) - Најмалку шест лица загинаа во оружен напад кој се случи во подрачјето на Рот ам Зе, во германската сојузна покраина Баден-Вутемберг, при што е приведено едно лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението објавено на социјалните мрежи од страна на полицијата во Ален, едно лице е приведено, а во местото каде што е извршен нападот се упатиле голем број полициски екипи.
Според германските медиуми, нападот се случил како резултат на лична дебата. Се тврди дека во него загинале најмалку шест лица