Davut Çolak
07 Април 2019•Ажурирај: 08 Април 2019
КОПЕНХАГЕН (АА) - Извршен е оружен напад во Рунгстед во подрачјето на Херсхолм, во северниот дел на данскиот главен град Копенхаген, при што животот го загуби едно лице, додека 4 лица се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на полицијата во Северен Селанд, синоќа бил извршен оружен напад врз група од 5 лица во Рунгстед.
Се истакнува дека во нападите смртно настрадало 20-годишно лице, додека повредени се 4 лица на возраст од 20 до 27 години.
Безбедносните сили започнаа сеопфатна операција за фаќање на извршителите на оружениот напад, во чии рамки биле приведени 14 лица во различни подрачја.
Полицијата во Северен Селанд соопшти дека во тек е истрагата за нападот и дека е можно тој да бил извршен од страна на локални банди.