Selçuk Acar
14 Септември 2017•Ажурирај: 15 Септември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Во оружен напад што се случи во една гимназија во САД, животот го загуби еден ученик, а тројца ученици се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Во градот Рокфорд, во американската сојузна држава Вашингтон се случи оружен напад во гимназијата „Фриман“, во којашто наставата ја следат 300 ученици. Нападот предизвика паника и меѓу учениците на гимназијата и кај нивните родители.
По пукањето, полициските екипи ги затворија влезовите и излезите на училиштето, при што е фатен вооружениот напаѓач.
Објавени се информации дека во нападот животот го загуби еден ученик, а тројцата ранети ученици не се во животна опасност.