14 Октомври 2021•Ажурирај: 15 Октомври 2021
БЕЈРУТ (АА) - Шест лица загинаа, а 16 други се повредени во пукање во текот на протестите за поддршка на движењето Хезболах и движењето Амал во Бејрут, Либан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Поддржувачите на движењето Хезболах и движењето Амал организираа протести и бараа да се назначи некој друг на местото на судијата Тарик ал Битар, кој учествува во истрагата за минатогодишната експлозија во пристаништето во Бејрут.
Како што дознава новинар на АА, во моментот кога демонстрантите се движеле кон Палатата на правдата во Бејрут, бил отворен оган во областа Ет-Тајуна.
Претходно е објавено дека загинале 3 лица, но либанските медиуми потоа објавија дека една жена која била застрелана во нејзината куќа, починала.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека бројот на жртвите се зголемил на 6.
Војската претходно ги повика цивилите да ги евакуираат улиците каде што се случи пукотницата и предупреди дека ќе отвори оган врз вооружени лица на улиците.
Во меѓувреме, дописник на АА јави дека уште едно пукање се слушнало во областа Тајуна во близина на Палатата на правдата во Бејрут.
Силна експлозија одекна во пристаништето во Бејрут на 4 август 2020 година. Загинаа повеќе од 200 луѓе, а повеќе од 6.000 беа повредени. Повеќе од 300.000 беа раселени како последица на експлозијата.