Barış Seçkin
23 Мај 2021•Ажурирај: 25 Мај 2021
РИМ
Четиринаесет лица загинаа вчера при падот на кабина од жичарница, во близина на италијанскиот северен град Вербанија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Деветгодишното дете, кое беше сериозно повредено во несреќата и беше однесено во болницата во градот Торино, не успеа да се спаси, соопшти Националниот корпус за планински и спелеолошки спасувања.
За време на инцидентот, според наводите, во кабината се наоѓале 15 лица, а лекарскиот третман на 5-годишното дете, кое е сериозно повредено, продолжува.
Италијанскиот претседател, Серџо Матарела, премиерот Марио Драги, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, и претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, ја изразија својата длабока тага поради инцидентот во своите пораки за сочувство.
Според извештаите на локалните медиуми, Јавното обвинителство во Вербанија започнало истрага за несреќата со кабината на жичарницата, што пренесувала луѓе на линијата од градот Стреза до планината Мотароне.