Ekip
03 Ноември 2017•Ажурирај: 04 Ноември 2017
ИСЛАМАБАД (АА) - Најмалку 8 лица починаа, од кои 7 деца и една жена, во свлечиште што се создаде во северозападниот дел на Пакистан. Во несреќата се повредени 3 лица, јавува Anadolu Agency (АА).
Трагедијата се случи додека група деца собирале кал во близина на рид во подрачјето на Утманхел, близу границата со Авганистан.
„Операцијата за спасување е во тек, а досега се извлечени телата на 7 деца и една жена”, соопшти за АА службеник од локалната администрација.
Тројцата повредени се префрлени во болница.