Yusuf Hatip
10 Февруари 2016•Ажурирај: 10 Февруари 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - Најмалку 12 лица загинаа а 15 се повредени во судар на автомобил и цистерна со плин во североисточната пакистанска покраина Пунџаб, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на пакистанската сообраќајна полиција соопшти дека несреќата се случила рано утринава на патен правец во градот Нанкана Сахиб и дека 15-те повредени лица се пренесени во ближната болница, додека телата на загинатите се префрлени во мртовечница.
Очевидци тврдат дека до несреќата дошло кога автомобил со голема брзина удрил во цистерна паркирана покрај патот.
Сударот предизвикал силна експлозија и пожар кој зафатил неколку автомобили и еден училишен минибус.